Кеопсовата пирамида е малку искривена

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Кеопсовата пирамида во Гиза може да е едно од Седумте светски чуда, но не е идеална. Основата и е малку искривена, бидејќи градежниците направиле детска грешка, соопшти Лајв сајн.

Image_5594413_126

Западната страна на пирамидата е малку подолга од источната. Иако разликата е минимална, тоа е доволно за да биде откриена од истражувањето на научниците, предводени од инж. Глен Даш и египтолог Марк Лерер. Нејзината основа не е идеален квадрат.

Кеопсовата пирамида е изградена пред околу 4.500 година. Таа е најголемата во Гиза. Првично била обликувана одваровник, но поголемиот дел од него недостасува. Тоа им го отежнува мерењето.

Резултатите покажуваат дека источната страна на пирамидата првично била подолга од 230,295 метри до 230,373 метри, а западната – од 230,378 метри до 230,436 метри. Тоа значи дека западната страна била најмногу со 14,1 см подолга од источната .