Хрватска заврши како лидер на табелата во групата “D” по пресврт и победа со 2: 1 против Шпанија во последен натпревар пред плејофот.
Ова беше прв пораз за “Фуријата” на еврофинали во последните нивни 15 натпревари. Шпанците беа пфуриозни уште во 7-та минута преку Алваро Mорал, а Хрватите израмнија во 45-тата минута преку Никола Калиниќ. Иван Перишиќ во 87-тата минута го постигна решавачкиот гол, и го изведе тимот му на врвот во групата. Дуелот ќе биде запаметен и со контроверзна пенал, даден за Шпанците, но пропуштен од Серхио Рамос.
https://youtu.be/oXN2_R9Wfrc