Во последните пет години 62 049 странци земале бугарски пасош

од Vladimir Zorba
94 прегледи

60 194 од “новите” Бугари добиле бугарски документ за идентификација на основа  на “бугарско потекло”.бг пасош4

62 049 странски државјани добиле бугарско државјанство во последните пет години. Тоа го наведува во писмен одговор министерот за правда Екатерина Захариева на директно  прашање на  пратеник

60 194 од “новите” Бугари добиле бугарски документ за идентификација на основа “бугарско потекло”, а 1 855 врз основа на “заедничка натурализација”. Од извештајот на министерот за правда, станува јасно уште дека 6-7% од барателите  не добиле бугарско државјанство. Кандидатите биле вкупно 65 623, но 3574 не добиле бугарски пасош. Останатите 62 049 добиле наш пасош со Указ на потпретседателот.

Захариева  не го наведува основното – добиено бугарско државјанство врз основа на “потекло” . Тоа се државјани на Македонија, како и на Молдавија и Украина. Писмениот одговор дава можност на министерот за правда околности да бидат  преразкажувани  во одделни текстови  и користење на  Законот за странци, кој се однесува на условите кои странците треба да ги исполнат за да аплицираат за бугарско државјанство.