Само 6,3 проценти од семејствата можат во целост да ги подмират и покријат месечните потреби – покажува последното истражување за потрошувачката на домаќинствата што го објави заводот за статистика.
Според објавените податоци, скоро 30% од домаќинствата месечно располагаат со околу 100 евра, и главно овие семејства се потпираат на приходи од пензија, социјални трансфери и пари од странство. Според анкетата повеќе од 56 илјади семејства годишно располагаат со 1 280 евра или со само 106 евра месечно и оваа група практично е и најсиромашна.
Неделата која ќе промени Европа
Разликата во располжливите средства меѓу оние што најмалку имаат и оние што најмногу имаат изнесува и до 12 пати. На прашањето „какво е вашето мислење за тековната финансиска година во споредба со состојбата пред една година“, 6,3 отсто од анкетираните одговориле дека таа е подобрена на некој начин додека за скоро 42 рекле дека состојбата малку или многу се влошила.