Адвокатите губат “пари и нерви”- бараат што поскоро да се најде решение за штрајкот на судската администрација

од desk3
113 прегледи

Krivicen-sud-860x680
Адвокатската комора на Македонија апелира да се изнајде што поскоро решение за проблемите кои се причина за штрајкот на судската администрација бидејќи последици од неработењето на судовите трпат и адвокатите.

– Адвокатската комора на РМ ги поддржува напорите на двете страни за што поскоро изнаоѓање на прифатливо решение за проблемите коишто се причина за штрајкот. Со целосно почитување на законското право на штрајк, нагласуваме дека и адвокатите трпат последици од неработењето на судовите, што уште повеќе го изразува интересот на Адвокатската комора за што поскоро завршување на штрајкот, се наведува во соопштението./МИА