Е море претседателе !

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Што убаво кога сам ќе си напишеш оправдување и мислиш дека тоа е во ред. Чисто лузерски е се’ ова… ама чудно е кога сите ги обвинуваш, сите околу тебе се лоши, а ти си најдобриот. Сите се предавници што комуницираат со амбасадите, нели, тоа е тезата – па, што не ги избркате сите амбасадори?

10270285_10152453027089804_6641310460777781655_nСите се грешни, а јас сум не само претседател, не само власт, туку и господ спасител и немам гревови!?
А, нели е тоа самобендисаност и тоа е клучниот проблем со одговорноста, Претседателе на РМ?

Слушам војски сте ангажирале па разузнавање, па тоа крв до колена ќе било … еј алооо, абе доста си праите филмови , освен вие колку за оправдувања пред вашите и самите да си верувате, никој не верува во тоа.
Такво перење мозок поминува само на вашите партиски состаноци, на вашата партиска војска и тие кои мора да ви климаат со глава за да не ги избркате луѓето од работа, ама никој не ви верува, дека опасноста за Македонија е од таму каде вие покажувате. Она што е за верување и што се гледа е дека народот е поделен како никогаш досега, а ти велиш дека опасноста поминала !?Тоа е најголемата опасност, а ти не ја гледаш, и не слушнав да кажеш кој го дели, кој кому се заканува со народ и со нови крвопролевања. Не си јасен: еднаш велиш хаос е, па велиш институциите функционираат, а
на улиците вандализам!? Барем една половина стенкаат од притисокот на власта, а ти велиш сега се’ е во ред пошто се вратила вмровската влада. И сега ние сме сите заплеткани, накострешени, тврдоглави и непопустливи, специјална војна било тоа и ти велиш дека странците и амбасадите биле виновни.

Заеби бе човек, доста со тие комуњарски финти од времето на Сталин, твојот лидер се оплеска, а ти се дотепа со филмовите кои ти ги праат за голем Претседател и спасител.

Нема веќе филмање со високи политики, и ти знаеш, а ние демек не !? Абе нема тајни се’ се гледа или уште подобро се’ се чувствува. Неам пари, праазен џеб, и благодет за власта и врхушката и послушниците. Тоа е вистината.

Треба да ја задржиме државата, нејзината независност, само тука се согласувам. Ама прво да го фатиме тој што ја распродава, дели и убива вољата за живот кај секој млад, стар, роден и нероден на оваа парче земја.Кој ќе ги враќа кредитите не слушнав ништо за тоа?
Ако си толку сигурен дека не продаваш магла требаше да си појдеш во Собранието, да ја испочитуваш првин ти таа институција, и од говорница да го објаснуваш ова, и да дозволиш да те прашуваат пратениците. Вака, сам се обраќаш од дебелите сенки на Водно како од Комунизмот. Се обраќаш и гитла, и таму се виде како за една секунда бегаш од камерите, за не дај боже, нешто да не те праша камерманот. НЕ иде тоа така за претседател на држава. Излези на дебата пред народ, а не вака раскажување гачки.
За добар дел од оваа немаш овластувања да го зборуваш, ако зборуваме институционално. И за крај само едно прашање: кога постапи правилно? Кога ја донесе одлуката или кога ја повлече ? Или вие од власта секогаш сте во право?!

Фесјбук статус Драган Антоновски