( Видео) „Солар импулс 2“ го заврши летот преку Атлантикот

од Vladimir Zorba
86 прегледи

 

Експерименталниот авион на соларен погон „Солар импулс 2“ утрово слета во Шпанија, со што по три дена лет го заврши патот преку Атлантикот од САД до Европа.07943485-photo-solar-impulse-2-600x335

Авионот од швајцарско производство слета во Севиља нешто по 7:30 часот.

„Солар импулс 2“, кој полета пред три дена од меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, со овој лет постигна рекорд на најдолг пат минар од летало на соларен погон.

Во обид за пат околу светот без капка гориво, исклучително само на соларане погон, авионот полета во март од Абу Даби и потоа на леташе до Оман, Мјанмар, Кина, Јапонија и преку Пацификот до САД.