СЈО да го превземе случајот на новинарот Божиновски

од desk3
146 прегледи

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија денеска во Специјалното јавно обвинителство имаа средба со обвинителката Катица Јанева и нејзините соработници.

7503edb6-49c7-47da-b2f8-8d5fbc03bab4-1024x768

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја информираше обвинителката Јанева за случајот на новинарот Зоран Божиновски, кој два месеца е во притвор затоа што Јавното обвинителство го осомничи за разни кривични дела. Божиновски во април беше екстрадиран од Србија и до сега против него нема формално обвинение.

„Сега шу праиме?!?“, му твитна Јанкулоска на британскиот амбасадор Гарет

Селмани побара од Јанева да го превземе одвоениот предмет на новинарот Божиновски од обвинителството за организиран криминал, поради неговата поврзаност со предметот „Шпион“, врз кој СЈО веќе има воспоставено надлежност.

Правниот застапник на Божиновски веќе достави и формално барање до СЈО за преземање на случајот.

Слични содржини