(ЗАСТРАШУВАЧКО ВИДЕО 18+) Руски навивач-КИ се заканија: Ќе лееме крв на Мундијалот 2018 !

од desk3
69 прегледи

Откако руските фудбалски хулигани влеаја страв во целиот свет со појавите во Франција и стекнуваат слава на број 1 во светот, женскиот дел “Зборнаја” ги започна подготовките за СП 2018, кое ќе е на нивна територија.

Додека мажите дивеат низ француските улици, страшните руски навивачки напорно тренираат дома и со гордост споделат видео записи на кои женските навивачки се наметнуваат без милост. Девојките се “нежни” единици на фракциите на Спартак (Москва), Зенит, Локомотив (Москва) и други.

14667665352

“Понекогаш им помагаме на момчињата за графитите. Но како целина функционираме целосно независно. на социјалните мрежи често гледам навреди по наша адреса. Во реалниот живот, сепак ќе ги стишиме. Ќе го најдеме и ќе го казниме секој кој не си ги мери приказните”, вели Олга Кузкова која е со голема почит во хулигански средини.

https://youtu.be/dFm5aP_WYes

“Секоја од нас учи или работи, но не престанува да тренира. Некои се вистински шампионки”, додава 22-годишната Русинка која е поранешна Мис Премиер Лига на Русија, но беше лишена од титулата поради неонацистичките манифестации.

1466766550c8db4a

20-годишната Јулија Сергеева пак е дел од бандата “Челични чудовишта”. Неа сите ја нарекуваат Ева Браун.

1466766564f6ff47

“Водиме двоен живот. Дење посетуваме предавања, работиме, се однесуваме како нормалните девојки на социјалните мрежи. Но навечер и викендите се нашето време. Тогаш тренираме и се бориме за да сме подготвени за Светското првенство”, вели таа.

14667665805bf975

 

14667665960c0157