Богов најави законски измени за одговорност за шпекулантите со економски информации

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Гувернерот Димитар Богов најави дека Народна банка ќе побара измени во законската регулатива за одговорност на лицата и на медиумите кои шират шпекулаци кои можат да го загрозат банкарскиот сектор и да предизвикаат негативни економски последици.

????????????????????????????????????

Богов ова денеска го истакна на Комисијата за финансирање и буџет, а поводот се априлските шпекулации за наводна девалвација на денарот и вештачки создадената криза на менувачкиот пазар на девизи, кога граѓаните повлекоа рекордни 58,5 милиони евра, а Народна банка интервенираше со 77 милиони евра на пазарот.

Според гувернерот, веќе се прават анализи каква е меѓународната пракса за ваквите ситуации.

– Ги проучуваме праксите во современиот свет, соработуваме со меѓународни финансиски институции и некаде тоа е регулирано во закон за банки, а некаде во кривичниот законик – изјави Богов./Мета