Жестока расправа за влијанието врз животната средина на рудникот Иловица

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Жестока јавна расправа за Студијата за оценка на влијанието врз животната средина за рудникот Иловица. На висок тон и тензично се водеше јавната расправа за можните влијанија врз средината од работата на рудникот за злато и бакар, кој треба да почне со работа следната година, информира Телма.

rudnik_radovis_0

Претставници од локалната самуправа, невладини организации, но и политички партии учествуваа на расправта што ја организираше министерството за животна средина во општина Босилово.

Тони Ристов од Дом, тврди дека компанијата нема план за огромното загадување на водата и земјиштето, но и трајно губење на обработливо земјиште, шуми и пасишта. Според Ристов, со експлоатацијата ќе се ослободуваат големи количества на арсен во водата, како и употребата на цијанид во процесот на обработка на рудата.

Претставниците на Еуромакс рисорсис, потенцираат дека се правени опсежни анализи на сите природни извори и бунари, како и на водоводната мрежа, во акредитирани лаборатории во Британија, и според досегашните резултати, нивото на арсен и за време на работата на рудникот ќе биде под дозволената граница.

Еуромакс тврди дека доколку се користи цијанид за обработка на рудата, средината ќе биде безбедна, бидејќи целиот процес ќе биде затворен, а подоцна следува комплетно уништување на оваа токсична супстанца.

Целиот текст може да се прочита тука