Со ребалансот на буџетот ќе секнат и парите за проектот Скопје 2014, смета поранешниот чувар на државната каса Џевдет Хајредини. Смета дека со оставката на претходниот министер за финансии Зоран Ставревски, ќе почнат да се отвораат прашања за долгови и акумулирани обврски за кои граѓаните никогаш не слушнале,посочува ТВ21.
„Прво неговото ветување дека нема да има проблеми со исплата на плати пензии и други социјални трансфери тоа е можно но ќе треба да ги прекине исплатите за проектите кои нема потреба да продолжат, а тоа се сите работи кои се изведуваат на реализација на проектот Скопје 2014, ми се чини дека овој пат нема да можат ситуацијата да ја држат под контрола и скриена ќе излезат сите досегашни дефицити и до крајот на годината ќе треба и други ребаланси да прават.“, изјави Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.
Според Хајредини, парите од планираната еврообврзница нема да бидат доволни, затоа што во буџетот се акумулирани обврски со години наназад кои досега биле вешто сокривани.
Од опозициската СДСМ со став дека со ребалансот се кратат капиталните инвестиции дека Македонија ќе добие историски рекорден буџетски дефицит од 4,3 отсто.
Целиот текст можете да го прочитате тука
