(ВИДЕО +18) Суровост: Убиени над 90 расни кучиња поради прекинат договор!

од desk3
62 прегледи

Неколкудесетици кучиња обучени да откриваат експлозиви, беа убиени од страна на вработените на американска безбедносна компанија, алармираа бранители на животните, цитирани од metro.co.uk. Кучињата биле усмртени од луѓе на Eastern Securities of Kuwait, бидејќи не биле веќе потребни, откако договорот на Американците со Kuwait National Petroleum Company истекол.

Animal Rescue Unit со седиште во Кувајт, објавува на интернет слики на кучешки трупови акумулирани еден врз друг во коридор.

На една од фотографиите се гледаат двајца вработени кои позираат до мртвите кучиња и се смеат.
1466893393-8826ed2851de502ffb427dab0626d6bf
Според публикации во локалните медиуми, работниците ги убиле кучињата, бидејќи не им платиле две плати по истекот на договорот.
Заштитници на животни ги нарекоа дејсвијата “страшен масакр”.

Еден од нив – Есма Ал Мисрата вели пред Arab Times дека се убиени 90 или повеќе животни.

Тој вели: “Знаеме како изгледаат кучиња, кои се добро згрижени и хранат. Сликите се направени веднаш по смртта на овие кучиња и јасно се гледа дека тие се недохранети, дехидратизирани и болни.”

Според претставник на компанијата, кој побарал да остане анонимен, компанијата сакала да ги евтаназира животните на неколку мали групи, но еден од вработените решил да ги убијат одеднаш.

Тој додава дека биле убиени, бидејќи биле болни или стари, а некои имале тумори.

Според него компанијата ја замолила Кувајтска организација за заштита на животните да се погрижи за нив, но таа одбила.

Портпаролот на Kuwait National Petroleum Company коментира дека компанијата го изразува своето жалење, но тоа нема никаква врска со оваа драма.

Тој потврди дека договорот бил прекинат откако кучињата не успеале да поминат низ потребните тестови.