Хаос: Протести во Лондон против Brexit, други со директни закани кон источно-европејците да си заминат

од desk3
93 прегледи

Поддржувачи на европската интеграција излегоа на улиците на Лондон на протест против излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Илјадници демонстранти побараа властите да ги разгледаат резултатите од референдумот. Тие поминаа низ централните улици на британската престолнина со знамиња на ЕУ и слогани за поддршка на членството на Велика Британија во заедницата.

0130513001466921784_547192_600x458
Кон демонстрантите се приклучија и учесници во парадата на сексуалните малцинства, пренесува БГНЕС. Во меѓувреме беше организирана онлајн петиција која ги повикува британските парламентарци да размислуваат спроведување на нов референдум за членство во ЕУ. До сега под неа ја потпишале повеќе од 2,2 милиони луѓе. Според законот, за да биде разгледана петицијата во парламентот се потребни 100 000 потписи написмено.

1466923846-sedew

 

Полицијата пак во Велика Британија истражува како натписите “Одете си од ЕУ – Крај на полските штетници” завршиле по вратите на голем број луѓе, како очигледна манифестација на нацизам кој произлегува од резултатите на референдумот за членството на земјата во ЕУ, пишува “Дејли Меил”. Натписите биле залепяни по вратите на Полјаци во Хантингтон во грофовијата Кејмбриџшир.Исти натписи исто така биле пронајдени во близина на училиштето “Свети Петар” околу 08:30 часот наутро во петокот. На задната страна на листовите дури имало превод на полски: “Одете си дома, полско ѓубре”.

Пленумци со отворено писмо до Сенатот на УКИМ: Поништете го досегашниот процес за избор на Ректор

Наставниците ги фрлиле натписите, но подоцна во текот на денот биле откриени уште натписи, кои биле оставени на патот што води кон кампусот.

Полскиот весник на Островот Nasze Strony напиша дека Полјаците се плашат од ефектот од “Брекзит”, но воопшто не се и сомневале дека ќе дојде до тоа. Репортерот на изданието Адам Андрејко (Adam Andrzejko) рече дека тоа е “многу лош пример” за реакција на резултатите од референдумот.

Корисник на Фејсбук напиша вчера наутро дека еден од натписите бил ставен на прагот на влезната врата на мајка и, а бил ставен под камења, за да не биде издуван од ветрот. “Тотално ми се гади . Независно од ставовите за референдумот на секој човек, тоа е одвратно нешто “, напиша таа.

Инспектор Ник Прсивал изјави дека полицијата е “запознаена” со инцидентот и го истражува. Тој ги повика сите кои имаат информации за случајот, да ги соопштат на органите на редот.

Слични содржини