Европејците не сакаат бирократија и недостатокот на транспарентност.

На позадината на одлуката на британските избирачи нивната земја да излезе од ЕУ американскиот весник “Вашингтон пост” наведува седум причини поради кои Европејците имаат негативен став кон Унијата.
Првата причина е потребата да се плати за европските бирократи. Станува збор за премногу високите плати на некои претставници на Унијата. Авторот на статијата – Мајкл Бирнбаум, шеф на кореспондентите на веснико во Брисел, не прецизира за какви конкретни категории вработени станува збор. Додека одделни земји од ЕУ се принудувани да применат мерки за штедење, вклучувајќи намалување на платите на државните службеници, мнозинството вработени во уредот на Европската унија добиваат дарепви , оданочувани со минимални даноци, пишува тој.
Втората причина наведена од “Вашингтон пост”, се скапи патувања. Европскиот парламент е должен секој месец да се собере во полн состав во Стразбур, иако најголемиот дел од активностите на ЕУ се регулираат од Брисел. За тоа по една недела во месецот целиот апарат – законодавци, помошен персонал, лобисти, новинари и сите други – вкупно 10 000 луѓе – за 5 часа патуваат за Стразбур, појаснува Бирнбаум. Трошоците за сместување во Стразбур и Брисел се проценуваат на 200 милиони долари годишно.
Третата причина се нормите на ЕУ, со кои Брисел оди премногу далеку. Бирнбаум споменува декрет на Еврокомисијата, индикативно за претерувањата на Брисел – на пример за закривување на банани. Декретот регулира колку криви треба да се бананите понудени од страна на производителите и трговците. Приврзаниците на излегувањето на Велика Британија од составот на ЕУ велат дека Британците имаат право да решаваат колку криви да се нивните банани, појаснува американскиот новинар.
Четвртата причина е недостатокот на транспарентност. Сериозните одлуки на ЕУ се донесуваат зад затворени врати. Лидерите на ЕУ само ја објавуваат одлуката, а новинарите морале да си играат детективи и да разјаснат кој за што или против што се залагал.
Петтата причина Бирнбаум ја нарекува фактот дека ЕУ не обрнува никакво внимание на неусвојувањето од избирачите на оваа или онаа иницијатива и како резултат на тоа наоѓа начин да не ја протурка. Особено во 2005 година гласачите во Франција и Холандија гласаа против уставот, предложена од Брисел. Две години потоа ЕУ склучи Лисабонскиот договор, кој во многу односи го повторуваше отфрлениот устав, но овој пат не беше потребно согласност на избирачите.
Шестата причина е големиот број скапите преведувачи. Може поинаку да се гледа стремежот на ЕУ да преведува практично сè на своите 24 официјални јазици – како сведоштво за меѓународниот триумф или како непотребното користење на ресурсите. Во Европската комисија, пишува Бирнбаум работат 1750 лингвисти, 600 постојани преведувачи и 3000 преведувачи на редовен хонорар.
И конечно седмата причина – вишокот бирократија. На секоја земја од ЕУ се вложува да назначи еврокомесар, чија главна задача е да раководи одредена сфера од работењето – по аналогија на министрите. И бидејќи ЕУ се проширува, Брисел треба да создава нови сектори, за да одговара нивниот број на бројот на комесарите. Затоа во ЕУ има одделни комисии за меѓународна соработка и развој, за прашањата на трговијата, за прашањата на вработувањето, економскиот раст, инвестициите и конкурентноста на финансиските и економските прашања, итн