Жешката клима го зголемува криминалот

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Научниците од Универзитетот на Охајо, користејќи го моделот CLASH (CLimate Aggression, and Self-control in Humans), утврдија директна врска помеѓу температурата на воздухот и нивото на криминалот.4909576

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Behavior and Brain Sciences. Нивото на криминалот во целиот свет е различно, но постои општо правило, според кое насилството и агресијата се зголемуваат со приближување на екваторот, што според научниците покажува дека климата влијае на однесувањето на луѓето.

Жегата и малите разлики во сезонските температури доведуваат до тоа дека луѓето да стануваат нервозни, живеат од ден за ден, помалку склони се да се контролираат и  да ги планираат своите активности и испуштаат помалку внимание на иднината. Во овој случај намалената самоконтрола придонесува за зголемување на агресијата и насилството.

Додека луѓето кои живеат во земји со значителни флуктуации на сезонските температури, се принудени, на пример, да се подготвуваат за студената зима, да ги планираат земјоделските активности, да набавуваат топла облека и да загреваат дома и тоа ги прави посклони на самоконтрола.