(ГАЛЕРИЈА) Трендови 2016: Плетенки во косата

од Vladimir Zorba
102 прегледи

На лето стилистите се обидуваат да селектираат и воведат трендови кои не само што се убави, но и многу практични.71fa26e721cc06da0b414b2d26da98fe

Несомнено преовладуваат собрани фризури кои внесуваат свежина во инаку бескрајно топлите денови.

Се разбира, ѕвездите не остануваат рамнодушни на новововедени трендови во фризурите и се натпреваруваат кој да ги наметне како главна асоцијација кон себе.

За пролет-лето 2016, плетенките дефинитивно се водечки тренд. Погодности кај нив е дека се прават лесно, обезбедуваат огромен спектар на фризури и држат ладно во лето.

Од безгрижни и романтични стилови до ретро и супер шик, познатите дами наоѓаат примена на плетенките за секоја пригода.

Имиња како Даутцен Крус, Карла Клос, Тони Гарн, Кара Делевин и Наташа Поли се само дел од специјалната селекција фризури со плетенки.

Погледнете ја галеријата и соберете неколку добри идеи за пролет-лето 2016.