Поранешниот премиер на Молдавија Влад Филат беше осуден денеска на девет години затвор под обвинение за примање мито и трговија со влијание, пренесоа американските медиуми. Окружниот суд во Кишинев пресуди уште конфискација на неговите сметки, меѓу кои недвижен имот, автомобили и акции. Пресудата може да биде обжалена. Влад Филат негира било какви злосторство и тврди дека случајот е политички мотивиран. Денешната пресуда е поврзана со наводниот поткуп кој тој го дал на бизнисменот и градоначалник Илан Шор.
Повеќе од 3,3 милиони Британци досега ја потпишаа онлајн петицијата за нов референдум
Шор беше уапсен на 24 јуни под сомнение за перење пари, поврзано со исчезнувањето на една милијарда долари од три молдавски банки во 2014 година. Филат беше премиер на Молдавија од 2009 година до 2013 година Тој беше уапсен во октомври по друго обвинение, што уште не е поднесено во судот, забележуваат агенциите, цитирана од агенциите.

