(ВИДЕО) Дури и да играш на небото, јас ќе умрам и ќе дојдам да те гледам …

од desk3
100 прегледи

Аргентина е во шок откако најголемата ѕвезда Лионел Меси објави дека ја прекинува кариерата во националниот тим. Лео ја објави одлуката по поразот од Чиле на финалето на Копа Америка. Следуваше метеорска реакција – бран од поддршка и апели да остане да игра за својата татковина

Тимот на Аргентина се прибра дома и беше пречекан од стотици фанови. Сино-бели дресови го зафатија аеродромот во Буенос Аирес. Десетици деца со постери го пречекаа Меси со молба: “Те молам, не се откажувај”. Еден од транспарентите уште еднаш докажа дека Аргентинците се способни да обожуваат. “Меси, дури и да играш на небо, јас ќе умрам и ќе дојдам да те гледам …”

14671079858

Фудбалерите на Аргентина беа земени со автобус директно од аеродромот и не се сретнаа со навивачите. Најверојатно очекувале критики. Сосема друго сепак беше расположението на приврзаниците, кои се зафатени со убедувањето на Меси да остане да игра за Аргентина. Навивачите го следеа автобусот по голем дел од патот од аеродромот до клубската база. Вееја знамиња, а еден од нив извикуваше: “Меси, остани. Меси, те сакам повеќе од мајка ми.”

Во последните неколку часа светски спортски ѕвезди, како и политички лидери во Аргентина го повикуваат Меси да не се откажува.