Физичарот сподели уште дека од неговото последно интервју наваму човечката популација се зголемила за половина милијарда луѓе

“Најголемите закани за човештвото остануваат глупоста и загадувањето”.Ова го изјави водечкиот теоретски физичар Стивен Хокинг за време на интервју во емисијата на Лари Кинг. Според него ситуацијата е веќе полоша отколку порано.“Дефинитивно не сме станале помалку алчни и помалку глупави”, смета Хокинг. Тој потсетува дека пред 6 години предупредил за истите закани, како во моментов ситуацијата е уште полошо од порано. “Од последното интервју наваму човечката популација се зголемила за половина милијарда луѓе. И на крајот на ова зголемување не се гледа “, дополнува Хокинг. “Со ова темпо бројката луѓе ќе се зголеми до 11 милијарди. До 2100 година Во последните 5 години загадувањето е зголемена за повеќе од 8%, како 80% од жителите на урбанизираната зони се изложени на високи нивоа на загадување”, појаснува уште научникот.
Друга загриженост за физичарот е дека владите на различни држави развиваат повеќе оружја со со вештачка интелигенција, кои порано или подоцна ќе станат закана за човештвото. “Кога машините достигнат критична точка во која ќе можат да еволуираат сами, не можеме да предвидиме дека нивните цели ќе се преклопуваат со оние на луѓето”, рече уште Хокинг.