Милијардерот си крена двометарска ограда околу имотот за 100 милиони долари

Тоа е двуметарскиот ѕид кој милијардерот Марк Цукерберг го гради околу својот имот на Хавајските острови Кауаи во вредност од 100 милиони долари. Изградбата ги налути локалните жители кои се право. Високиотѕид го блокира погледот кон океанот.Шефот на најголемата социјална мрежа во светот купи имот на брегот на островот во 2014 година. Подоцна тој се насели и приклучи кон него уште две парчиња земја, вклучувајќи околу 400 акри од плажа . Пред шест недели Цукерберг започнал со изградбата на огромен камен ѕид. Тој се протега покрај имотот покрај патот во полуселскиот регион Килауеа.
Соседите на милијардерот сепак се исклучително незадоволни од настојувањето на Марк со камен ѕид да изгради грда глетка за очите. Пензионерот Моку Крејн вели дека ѕидот изгледа одвратно и бара ограничувања. Крејн се надева и очекува Цукерберг ќе “омекне” со изгледот на ѕидот,па ќе насади околу него декоративни растенија. “Претходно одејќи по патот и гледавме прекрасниот океан, а сега го гледаме иидот и имотот негов, кој ни го попречува погледот кон океанот. Никој не сака промена “, рече тој.