На 28.06.2016 година околу 14,50 часот во с.Аргулица–о.Карабинци, а по претходна пријава за нарушен ЈРМ од страна на Ј.Н.(22) од Штип, на местото на настанот се упатила група за интервенција од полициски службеници од ПС-Штип. Откако еден од полициските службеници го повикал Ј.Н, за да со истиот обави информативен разговор во врска со пријавата истиот се доближил до полицискиот службеник и го попречил во вршење на службени дејствие. Во 16,30 часот по наредба на ЈО, ЈН. е приведен во ПС-Штип, каде што му е извршено алкотестирање (не е констарирано присуство на алкохол), обавен е службен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.
На 28.06.2016 година во 05.00 часот во с.Желино – Тетово, настанал пожар во плевна, сопственост на И.У.(57) од истото село, при што изгорела целата покривна конструкција и околу 2 000 бали јонџа и околу 200 бали сено. Пожарот е изгаснат од екипа на ТППЕ-Тетово, а причина за пожарот по кажување на сопственикот, е електрична енергија од далековод кој му поминувал близу плевната. Материјална штета е околу 900.000 денари. Увид на лице место е извршен од страна на екипа од СВР-Тетово.
На 28.06.2016 година околу 08,30 часот на локалниот пат крај с.Црешево-Скопје, С.Ѓ.(54) управувал трактор (без регистарски ознаки), при што го сопрел истиот, слегол од него, по што дошло до самопридвижување на тракторот, кој го прегазил. С.Ѓ. е префрлен во КЦ-Скопје, каде му се констатирани ТТП и е задржан на понатамошно лекување.
