Вук Јеремиќ директно учествувал во распределбата на средствата од црната каса.

Поранешниот министер за надворешни работи на Србија и официјален кандидат за функцијата генерален секретар на ОН, Вук Јеремиќ, директно учествувал во распределбата на средствата од црната каса во Демократската партија.
Јеремиќ е едно од клучните лица, кој сигурно го знае одговорот на прашањето каде отишле 20 милиони евра од црните каси на Демократската партија во времето на Борис Тадиќ. Според белградските медиуми “Јеремиќ бил последниот човек кој имал увид за движењата во црната каса”. Парите почнуваат да се собираат во 2010 година по лична заложба на Јеремиќ и Тадиќ. Официјално парите се собирале со цел да се помогне на десната рака на американскиот претседател Барак Обама Рам Емануел, кој тогаш се натпреварува за функцијата градоначалник на Чикаго. Пред приклучување во градоначалничката трка Емануел беше началник на кабинет на Обама. Тадиќ и Јеремиќ сметале на тој начин да добијат американска поддршка за нивната партија и тие да останат на власт и по изборите од 2012 година. Тогаш беше формирана и сега владејачката формација на српскиот премиер Александар Вучиќ – Српска напредна партија. Рам Емануел победи на изборите, но така и не доаѓа до финансиски односи и ангажмани со Демократската партија на Тадиќ и Јеремиќ. “Сигурно во касата имаше три милиони и за нив знаеја Јеремиќ, Тадиќ … Така или инаку никогаш не се дозна каде отидоа тие пари. Но, најголемите сомневања паднаа врз Јеремиќ, кој имаше директна контрола врз црната каса. Многу брзо потоа Јеремиќ ха напушти ДП и создаде невладина организација, за која не рече од каде има средствата за нејзината активност “, се вели уште во истрагите на српските новинари.