Дали Миле Јанакиевски е одбиен за американска виза?-имаме право на забрани за сите во име на борба против корупција велат од амбасадата на САД

од Vladimir Zorba
138 прегледи

 
Стејт Департментот може да им забрани влез во САД на корумпираните функционери, согласно Претседателскaтa Декларација 7750. Ова дел од одговорот на амбасадата на САД во земјава, на прашањето на 24 Вести дали Миле Јанакиески е одбиен за американска виза. Од амбасадата не одговорија директно дали на поранешниот министер за транспорт и врски не му е одобрена виза, но посочуваат:сад амбасада

– „И покрај тоа што не можеме да коментираме поединечни барања за виза, борбата против корупцијата е врвен приоритет за Владата на САД во Македонија и во целиот свет. Согласно Претседателскaтa Декларација 7750, Стејт Департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери. Ние ги базираме овие одлуки по разгледување различни информации, од голем број извори„ пишува во одговорот на амбасадата на САД во земјава.

Од амбасадата на Обама праќаат порака и до Владата, граѓанското општество и медиумите да продолжат да ги истражуваат потеклото и имотот на функционерите и да алармираат кога ќе се соочат со корупција.

Во одговорот на Џес Бејли – дел од поранешните дипломати препознаваат навестување дека Јанакиевски се соочил со негативен одговор поради коруптивното минато.

Во одговорот на амбасадата од САД, поранешниот амабасадор Арсим Зеколи вели се навестува дека одлуката е донесена на повисоко ниво.

„ Вниманието кон однесувањето на нашите функционери, поранешни или сегашни веќе ги надминува тесните политички рамки и меѓуинституционални соработки помеѓу дипломатиите или политиките, туку навлегува и во чисто административни аспекти на финансовиот криминал и на институции кои се занимаваат со борба против организираниот криминал, па би рекол дури и ФБИ(Федералното биро за истражување)“, вели Зеколи.

Потсетувајќи на истрагите на СЈО и големиот број функционери од власта кои се осомничени во објавените предмети, Зеколи смета дека Јанакиески не е осамен на листата политичари кои треба да ја заборават Америка.

„Треба да обрнеме многу повеќе внимание кои други се лице од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се наоѓаат на листата. Да ве потсетам на еден детал. При една од посетите на САД, еден од нивните аналитичари искоментира дека е изненаден што конечно Америка се решила да им даде виза на Ахмети и Муса Џафери. Во овој момент е прашање до кое ниво на власта, поранешна или сегашна е стигнат тој механизам на санкции“, рече Зеколи.

Ваквите одлуки на амбасадата на САД во земјава , Зеколи смета дека се поширока, регионална „чистка “ од корумпирани функционери, споредувајќи ги информациите во Албанија периодов дека на црна листа веќе се наоѓаат десетина високи владини функционери.

 

 

 

 

 

Слични содржини