Тој е еден од најважните, најдинамичните градови во светот и дом на 20 милиони луѓе. Сепак, Пекинг е пред колапс.

Истражување покажува дека делови од градот тонат со алармантна брзина – дури по 11 центиметри годишно. Причината е преголема консумација на површинската земја. Откритијата биле објавени во списанието „Remote sensing“ и откриваат дека брзината на тонење ѝ се заканува на безбедноста на јавноста и урбаната инфраструктура.
Нееднаквото тонење ќе делува катастрофално на метрото во градот, но и зградите и други градби. Специјалисти од Кина, Шпанија и Германија работеле со Националната природна научна фондација во Кина за да анализираат податоци од илјадници сателитски слики и глобални сензори, со цел да ги следат промените на површинско ниво од 2003 до 2011 година.
Било откриено дека делот Чаојанг, кој е бизнис срцето на Пекинг, е најлошо погоден. Истражувачите откриле дека некои региони потонале повеќе од 75 центимери за време на истражувањето./ Факултети.мк