Приврзаници и противници на руските “Ноќни волци” се судрија пред храмот “Св. Александар Невски” во Софија.
Две лица се приведени, соопшти БНР.
Скандалот избувна откако двете групи се нашле во непосредна близина без полициска заштита меѓу нив.
Во моментот полицајците земат изјави од учесниците во тепачката, а тимови на СДВР го оградија регионот.
Возачката тура на “Волците” низ Бугарија почна пред ден, а доаѓањето им беше означеноо од борба меѓу нивни приврзаници и противници во Бургас.
Со тупаници и електрошкова палка група млади мажи со воени облеки ги пречекаа вчераутро демонстрантите против рокерската поворка на бензинска пумпа до Бургас.
Над 20-тина бургазлии и неколку украински граѓани, кои ги загубија своите најблиски при Кримските настани во 2014 година, планираа да направат симболичен протест на “срамот на руските рокери”, познати како “Волците на Путин”.
По конфликтот,кој доведе дури до физичка саморасправа, 16 лица беа ставени во притвор во Бургаски Петтата полициска станица, за да сведочат.


