Егзекутираат милиони затвореници за нивните органи во Кина

од desk3
79 прегледи

Кинеската влада продолжува нелегално да добива органи од милионите невини затвореници, иако тврдат дека е прекината оваа практика пред две години. Тоа го потврдува студија спроведена во рок од 10 години, пишува Independent.

Image_5616606_407

Затворениците се практичари на медитативна практика Фалун Гонг, која постои од 1992 година, и кинеската влада води борба против неа.

Специјалистите претпоставуваат дека станува збор за бројка меѓу 60 и 100 илјади затвореници кои секоја година се егзекутирани, по што срцето, црните дробови и други органи им се одземаат, за да се користат за трансплантација.

Вкупно близу 1,5 милиони луѓе се жртви на лошата практика од 2000 година наваму, а 300 илјади од центрите во кои се изведуваат операциите, се нелегални.

Поранешниот канадски обвинител Дејвид Килгор, адвокатот за човекови права Дејвид Матас и новинарот Итан Гутман спроведоа истражувањето за цел да ги извадат на виделина нелегалните практики во медицината во Кина.

Во истражувањето се наведува дека многу од хирурзите едноставно се “загубиле во бројката” на трансплантациите кои требало да ги вршат секојдневно, а некои од лекарите велат дека често се доаѓа до 6 операции на ден.

Владата на земјата официјално изјавува за 10 илјади трансплантации годишно, но тројцата експерти се убедени дека тоа е нереална статистика./МИА