(ВИДЕО) Мистерија: Сонцето остана без дамки – што значи тоа?!

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Природниот циклус на Сонцето продолжува 11 години, сега е само таков момент.

1467275626-slan

Сонцето остана без дамки по втор пат во еден месец, што е знак дека претстои сончев минимум и оваа појава ќе е се почеста во следните неколку години, објави “Њу зиланд хералд”.

Првично ќе има по неколку дена без сончеви дамки, а потоа по неколку недели, конечно – неколку месеци, кога циклусот ќе ја достигне најниската точка.

Следната фаза на сончев минимум се очекува да биде во 2019 година или 2020 година, рече метеорологот и астроном Пол Доријан.

Природниот циклус на сонцето продолжува 11 години. Тој се карактеризира со зголемување или намалување на сончевите дамки.

Кога дамките се најмногу е сончевиот максимум, а кога се најмалку – тоа е сончевиот минимум.

Дамките се предизвикани од интеракцијата помеѓу плазмата и магнетното поле на ѕвездата.

Тие се извор на ерупции и празнења на маса, кои праќаат наелектризирани честички кон Земјата.

Во соларниот максимум ерупции се секојдневни. Во сончевиот минимум сончевиот ветер слабее, како и магнетното поле на ѕвездата.

Така вселенските зраци стигнуваат полесно до Земјата. Тие се опасни за астронаутите, бидејќи ризикот за оштетување на нивната ДНК се зголемува.

Кога сончевите дамки се мали, а екстремни ултравиолетово зрачење EUV намалува, и земната горна атмосфера се лади и стеснува.

Во видеото се потсетиме како НАСА сними моќното Сонце во октомври 2015 година