(ВИДЕО) Нашите, Антониjа и Мартија влегоа во супер финалето на „Пинковите ѕвездички“

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Синоќа  се одржа последната финална вечер на ТВ талент шоуто „Пинкови ѕвездички“. Во него  и овојпат брилираа  двете  македонски претставнички, Мартија Станојковиќ и Антонија Гиговска.13567270_371079726558035_2466749516821205107_n

За победникот одлучуваа единствено гласовите на публиката кои тие ги даваат преку смс пораки со содржина приложена на фотографиите подолу.13466078_1757244321156389_6589007605708553648_n

Жирито како и секогаш немаше зборови за интерпретациите, кои велат се вон конкуренција и и пред финалето тие ги прогласија веќе за победнички нашите Антонија и Мартија.  Се потврди дека Македонија има несекојдневни и најдобри пеачи, отворено го кажаа тоа од жирито,  а и овациите и гласовите  на публиката го потврдија истото.

Антонија се престави со песна на Џенифер Хадсон.

Мартија се претстави пак со„ Bound To you“ и исто така обезбеди место во суперфиналето.

 

За двете пеачки жирито нагласи дека се вонсериски, нивното пеење било како  на оскаровска вечер,  и  со своите настапи го подигнале нивото на настанот.

Суперфиналето кое требаше да се одржи на 3 јули е  презакажано за 4 јули, кога официјално ќе се дознае вториот победник на спектакуларното регионално натпреварување во пеење за деца. Линиите за гласање ќе бидат постојано отворени до суперфиналето.