Надворешни минисри Никос Кодзиас (лево) и Дитмир Бушати разговараат пријателски во Тирана пред околу еден месец. Билатералните односи сепак не се на поребното ниво
На грчко-албанската граница се забележува засилено присуство на грчките војници грчки воен хеликоптер со прелети вчера над регионот. Генералштабот на грчката армија објасни дека тоа е само една од мерките за засилена контрола на границата. Овој развој на настаните сведочи за влошување на билатералните односи по одредени активности од раководството на морската општина Химара претежно со грчко малцинство.
Според албанската телевизија “Топ ченел” на седницата на Советот на општина Химара советниците од Партијата за заштита на човековите права (партија на грчкото малцинство), побарале општината да биде прогласена за малцинска зона. Барањето беше поддржано од грчкото Министерство за надворешни работи. За Тирана, сепак тоа е мешање во внатрешните работи на Албанија. Министерството за надворешни работи изрази жалење дека “соседна Грција сака да се искористи од неразумните дејствија на некои лица од Химара”, го покрена прашањето за почитувањето на правата на грчкото малцинство во Албанија.