Погледнете ја оваа неверојатна фотографија од невремето во Скопје фотографирана од Нерези од страна на Зоран Милковски.

Невреме проследено со силен дожд, грмежи и ветер вчера попладнево го зафати Скопје.
ПО невремето многу поплавни подвозници, искршени дрвјам но без посериозни штетиќ
Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне само на крајниот исток ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 30 до 38 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со повремено засилен ветер понекаде во Скопската котлина. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.
До вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Од среда повторно во попладневните часови времето ќе биде нестабилно