[РЕЦЕПТ] Вкусни маринирани моркови

од Vladimir Zorba
349 прегледи

Колку и прекрасно јадење да направите, тоа е ништо без соодветен гарнир.70ef4104af9fcd0992c1a4c3b3d85639

Во однос на ова сигурно е добра идеја да се свртиме кон зеленчукот и неговата специфична и посебна подготовка.

Денес ќе ви претставиме лесен и вкусен рецепт за моркови, кои се погодни истовремено за гарнир кон главно јадење или како нешто за јадење пред телевизорот.

Ќе ви бидат потребни:

¼ чаша маслиново масло

Уште 2 с.л. Маслиново масло

2 с. л. Бел вински оцет

1 со. л. Дижон сенф

1 со. л. Лук во прав

3 страка свежа мајчина душица

1 страк свеж рузмарин

1 килограм моркови, излупени

сол и бибер по вкус

Начин на приготвување:

Започнете со обработката на мајчина душица и рузмарин. Исечете ги на ситно и измешајте ги двата зачини.

Во соодветен сад, најдобро во тегла, истурете ¼ чаша маслиново масло, оцетот, сенфот, лукот, мајчина душица и рузмарин.

Додадете сол и бибер по вкус. Затворете го капачето на тегла и протресете енергично за 30 секунди, за да се измешаат добро состојките.

Започнете со морковите. Исечете ги на две половини и потоа секоја половинка на уште два дела.

Наредете ги во послужавник така што секое едно парче да не се допира до другите. Истурете со двете лажици маслиново масло и гледајте да биде рамномерно. Посипете ги морковите со сол и бибер по вкус.

Ставете во загреана рерна и печете додека добијат златен тен.

Извадете ги морковите и сипете ги во чинија. Посипете со претходно подготвениот прелив.