Болеста „Јазлеста кожа“ се уште коси, се шири и предизвикува огромни штети на сточарите, месната и млечната индустрија.
Неодговорноста, несериозноста и нестручноста на првите луѓе во Министерството и АХВ згрозува и шокира.
Се уште на ниту еден сточар не му се исплатени пари за одземените и убиени животни.
Не може да има пари за споменици и нови барокни фасади а да нема да сточарите!
Исплата на штетите за сточарите мора да започне веднаш!
Одговорните во АХВ не само што се тотално неорганизирани, не само што кријат информации од јавноста за последиците од болеста „Јазлеста кожа“, туку тоа го крие и од меѓународните институции.
Од официјалната веб страница на Светската организација за здравстена заштита на животните, АХВ последен пат до оваа меѓународна организација доставила извештај за состојбата со болеста на 19.05.2016 година. Пред речиси два месеци.
(ова се сите извештаи).
Дополнително, во доставените извештаи не се наведени сите региони во државата каде е потврдена болеста и за што постои формално решение.
Оваа е Решението за прогласување на постоење на болеста од 18.05.2016.
Доколку се спореди со извештаите доставени до Светската организација за здравстена заштита на животните се гледа скандалот, меѓународната институција не добивала информации за повеќе региони како што е Македонска Каменица и Кратово.
Уште поскандалозно е тоа што од тој датум па се до денес нема никаквов извештај. Токму во период во кој болеста зафаќа нови жаришта, региони и општини во државата.
Овој неодговорен однос, заедно со три месечното доцнење на вакцината, неисплатената оштета за убиениот добиток, погрешно пропишаните мерки, пропустите и грешките се потврда на нестручниот и несериозен пристап на владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Со ребалансот на буџетот криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги скрати 15 милиони евра за земјоделците, пари за субвенции.
Катастрофалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и нестручноста ќе го преполови бројот на говедата во земјата, ќе ги банкротира сточарите и ќе ја сруши млечната и месна индустрија.
Особено ако се има превид фактот што за четири години, од 2011 до 2015 година, пред појавата на болеста, бројот на говеда е намален за 18 илјади, бројот на свињите за 26 илјади а бројот на овците за над 38.000.
За неспособноста и неодговорноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ одговорност мора да има.
Министерот Цветков и директорот на АХВ Поповски мораа да заминат што побргу од овие позиции, во интерес на сточарите, земјоделците, граѓаните и односите на Македонија со меѓународните институции.
Одговори на новинарски прашања
Медиуми: Дали имате информација колку грла се заболени и дали државата има доволно вакцини за да се вакцинираат?
Николовски: Ние немаме точен број на заболени говеда, но она што го имаме како информација е дека енормно се шири болеста во сите региони во Македонија и токму затоа три месеци потенцираме на пропустите и грешките коишто ги направија македонските институции, а за којшто се обврзани и со меѓународни документи, протоколи, но и со законски и подзаконски акти во Македонија. Мора да организираат штабско работење во коешто секојдневно транспарентно ќе ја информираат македонската јавност за тоа каде се појавуваат жариштата и кои мерки се преземени. Сведоци сме на погрешно применети мерки, на доцнење на вакцината, на раскинување на еден договор со една компанија, па склучување со друг, но и сведоци сме дека само во соседна Србија за доцнење на вакцината од два дена Владата го разреши директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. Во Македонија вакцината доцни три месеци и зборуваме постојано за грешки и пропусти коишто беа направени и за коишто дури не се обидуваат ниту да демантираат. Токму ради ширењето на болеста алармираме за активност на институциите, но во овој момент неопходно е и министерот и директорот на Агенцијата веднаш да поднесат оставки и да стручни лица го преземат справувањето со оваа болест во Македонија бидејќи последиците ќе бидат огромни.
Медиуми: Вие вчера имавте став во однос на искористувањето на фондовите на ЕУ, излеговте со официјален став. Но, дали сметате дека овој чекор Брисел го прави затоа што Македонија подолго време е заглавена во политичка криза односно одлуката на Брисел е политичка?
Николовски: Ова е лоша вест за Македонија и Европската комисија точно го адресираше виновникот. Одговороноста точно ја лоцираше во неспособноста и немањето капацитет на владата за спроведување реформи за коишто постојано повикува и алармира ЕК, преку меѓународни извештаи направени со скенирање на состојбите во Македонија. Ние со години наназад укажуваме дека не се спроведуваат реформи во државата, коишто се неопходни. Ова е резултат на погрешните, криминлни политики токму на владата. СДСМ, во целиот период, целосно се придржува на Договорот од Пржино. Социјадемократскиот сојуз на Македонија е единствената политичка партија којашто се придржуваше и до обврските и до роковите. ВМРО-ДПМНЕ или ги одологовлекува обврските што ги има преземено со Договорот или постојано ги прекршува. Се со цел, да нема слободни, фер и демократски избори и да се одолговлекува решението на кризата. За жал затоа се соочуваме со последици какви што се соочуваме денеска. СДСМ е единствената политичка партија којашто усвои Програма на Конгрес и се приджува на Договорот од Пржино и на законските одредби коишто беа преточени од тој Договор. Целосно сме посветени на тие процеси и на што побргу исполнување на сите услови за во Македонија да имаме час поскоро, слободни, фер и демократски избори. Тоа е единствениот излез од длабоката политичка криза.
Медиуми: Како го коментирате тоа што според владиното соопштение, Владата ја обвинува опозицијата, односно СДСМ, дека биле блокирани институциите и не можеле да се искористат парите од фондовите.
Николовски: Десет години ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да потврди капацитет за искористување на сите средства од ЕУ. Да се потсетиме на разговорите од Вистината за Македонија, каде што точно поранешниот министер за финансии разговараше и точно лоцираше како не се потребни овие средства да влегуваат во буџетот за да не се врши контрола и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и оваа криминална власт ги трошат парите. Кога ние бевме внатре во институциите, може тоа да го потврдам и со пример од институцијата од којашто доаѓам, од првиот ден во министерството алармираме за неискористеноста на овие средства коишто стојат на располагање од ЕУ. Конкретно во случајот неискористеноста на ИПАРД фондовите. Во ниту еден момент не сме имале можност, алатка, за било каква блокада. Напротив, учеството на СДСМ, внатре во институциите, беше да се зголеми капацитетот и на министерството и на администрацијата, се со цел да се користат овие средства од ЕУ.
Медиуми: Има најави дека помошта од ЕУ ќе продолжи да се намалавува, за Македонија. Дали опозицијата има такви информации од средбите со надворешните претставници? Дали е реално да се очекува дека ќе се заострат мерките ако ситуацијата не се нормализира.
Николовски: Немаме најави од дополнителни мерки коишто би се преземале од ЕК, од ЕУ. За жал, како резултат на криминалните политики на власта и прекршувањето на Договорот од Пржино, постојано, од страна на ВМРО-ДПМНЕ, и одолговлекување на политичката криза, Македонија се соочува со вакви мерки. За жал тоа е на штета на сите граѓани. СДСМ останува посветен на целиот овој процес којшто треба да доведе до фер, слободни и демократски избори што побргу. Спремни сме на такви, слободни, фер и демократски избори, ја понудиме нашата Програма, нашите капацитети. Убедени сме дека граѓаните ќе застанат на страната на вистината, на страната на Македонија.


