(DW) Груевски ги разјаснил работите – Брисел му возврати со санкции

од desk3
82 прегледи

Наспроти предвидувањата дека меѓународната заедница, со проблем повеќе по брегзит, ќе има уште помалку време за Македонија, се чини таа конечно преминува од јалов муабет кон енергични мерки. Колумна на Зоран Јордановски.

gruevski

Македонската сива еминенција Никола Груевски, де јуре екс, но де факто и натаму премиер и претседател на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, пред неколку дена ја уверуваше јавноста дека во разговорите во Брисел на соговорниците им разјаснил некои работи во врска со неговата земја и со тоа коригирал некои нивни заблуди. На одговорот за „успехот“ на неговата мисија не се чекаше долго и очигледно таму конечно им се разјаснило: ЕУ укинува дел од финансиската помош, информираа вчера македонските медиуми, повикувајќи се на извори во Унијата. Втор дел од одговорот ќе дојде во наредните денови, за време на посетите на специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл и на помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд.

Информациите дека на минатонеделната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ била целосно отфрлена опцијата за санкции против Македонија благодарение на противењето на поддржувачите на режимот на Груевски, како Унгарија на Виктор Орбан, но и Грција (!), новата вест од Брисел ги прави приближно исто толку веродостојни, колку и изјавата на Груевски по враќањето од таму. Втор, но далеку поважен заклучок што произлегува од оваа вест, е дека конечно на меѓународната заедница изгледа ѝ „пукна филмот“ и за македонските политички мангупи и ова е не жолт, ами црвен „лајт“ картон, последно предупредување итно да го спроведат она на што се согласија – Пржинскиот договор, а што очигледно мислеа дека како и многупати пред тоа ќе можат да го разводнат и на крајот да го сведат на „тоалетна хартија“.

0,,18965938_401,00

Зошто Јустиција си ги врзала очите?

Наредниот, „тврдиот“ црвен картон, веќе е најавен во истата вест: натамошно, позначително секнување на дотекот на пари од Брисел. А тоа е едно од најефикасните средства за вразумување на власта во Македонија, оти така битно се намалуваат можностите за таа и понатаму да ги корумпира граѓаните со ветувања или со реализирани покачувања на плати и пензии за што нема никаква реална економска подлога. Се разбира, власта уште може да обезбедува пари на пазарот на капитал, но прашање е под какви услови и до кога?

Новиот рудник за гранит ја вжешти политичката сцена во Битола

Може да се претпостави дека „тврдиот“ црвен картон нема да остане само на финансиски терен, туку ќе ѝ стави крај и на играта со блокадата на работата на СЈО, која според логиката на нештата веројатно е инспирирана од засегнатите политичари, а спроведувана од правосудните органи во Македонија

.0,,18376501_401,00

Специјален суд за специјалните случаи би го елиминирал влијанието на партиските послушници во судиска одора, за кои во јавноста веќе е речено дека се срам за судството и го валкаат образот и на чесните судии и обвинители во Македонија. Да не беше така прикажувана уште од антиката – како симбол за еднаквоста на сите граѓани при одмерувањето на правдата, човек би помислил дека Јустиција си ги врзала очите оти веќе не може да го гледа она што се случува во македонското правосудство.

Повеќе ТУКА

Слични содржини