ДИК ќе ги менува методологиите за чистење на Избирачкиот список

од desk3
136 прегледи

ДИК интензивно работи на промена на методологиите за пречистување на Избирачкиот список-јави Телма.

spisok
Деновиве треба да им ги достави на разгледување на четирите политички партии, кои в среда, заедно со меѓународните набљудувачи, повторно ќе дојдат во ДИК на средба на специјалната работна група за Избирачки список. ДИК треба да одлучи како да се справи со 40 илјади спорни записи. Од нив, најголем број, околу 18 илјади, се лица кои добиле биометриски документ, но не поднеле апликација во МВР.

Коцијанчиќ потврди: ЕК скрати 27 милиони евра од ИПА фондовите за Македонија

Или, ги нема во ниту една друга база на податоци освен во МВР. Има уште десетина други причини поради кои опозицијата тврди, а останатите во работната група прифатија, дека овие записи се сомнителни. Најверојатно ќе бидат објавени на веб страницата на ДИК. Комисијата ќе организира кампања и ќе ги повика овие лица во рок од неколку недели самите да се јават и да ги коригираат спорните податоци. Доколку тоа не го сторат, ќе бидат избришани, или, како што вели СДСМ, нема да бидат запишани во Избирачкиот список за наредните избори.

ДИК одлучува и за 172 илјади граѓани кои повеќе од три месеци не живеат во земјава.

Повеќе ТУКА

Слични содржини