Француската полиција изврши контролирана експлозија во близина на стадионот “Сент Дени”, на кој вечерва ќе играат домаќинот на првенството и Исланд.
Мала експлозија во близина на “Стадионот на Франција” во Сен Дени, предизвика возбуда во моментот три ипол часа пред почетокот на четвртфиналниот натпревар вечерва помеѓу Франција и Исланд.
Се испостави дека полицијата, како мерка на претпазливост, изврши “помалку контролирана експлозија” во рамките на, како што споменавме, вообичаена процедура “отстранување на загриженост” во рамките на прстенот за безбедност. Публиката беше на страна, но во 19 часа продолжи со пристапот кон стадионот.
Имајќи предвид дека на 13 ноември минатата година, пред истиот стадион започнаа серија терористички напади и во една ноќ загинаа 130 лица од северните делови на Париз, Франција се уште има прогласено вонредна состојба и затоа има засилени безбедносни мерки.
Halted outside the Stade de France. Suspect vehicle. Controlled explosion pending say police pic.twitter.com/fVuBEdojuI
— Paul Hayward (@_PaulHayward) July 3, 2016
