По срамните и насилни студентски избори, протест пред универзитетскиот ректорат

од Vladimir Zorba
169 прегледи

 Студентите што не се согласуваат со начинот на кој беше избран новиот лидер на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за денеска најавија собир пред Ректоратот, за кога е закажана вонредна седница на ректорската управа.stud 1_5

Студентите од Студентскиот пленум во минатата недела, на изборниот ден за студентски лидер, со специјалците на МВР и дрска полициска интервенција беа отстранети од пред просториите на СПУКМ. Вонредната седница доаѓа по прозивките од страна на студентите дека Универзитетот мора да ги осуди нелегалните избори за студентски претседател, како и полициската акција врз студентите. Студентскиот парламент бара детално објаснување за сите околности и случувања поврзани со студентските избор.Се бара одговорност од сите учесници, нарачатели и извршители на овие насилни и лажирани студентски избори.

Слични содржини