Владин молк за одлуката на ЕУ за санкции и кратење на помошта на Македонија заради корупија

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Нема одговор од ресорните министерствата за тоа кои проекти ќе сопрат со стопирањето на парите од ИПА фондовите.

timthumb

Од порталот фактор.мк се обиделе да добијат одговор од министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, за тоа кои проекти ќе бидат стопирани, но тој останал недостапен за коментар. На истото прашање не одговарил ниту министерот за финансии Кирил Миноски, туку само потенцира дека со секое кратење и неискористување на средствата губи Македонија и нејзините граѓани.

Порталот потсетува дека санкции од ЕУ за Македонија веќе извесно време беа најавувани. Но, исто така, во март годинава, и тогашниот белгиски посредник во преговрите меѓу политичките партии, Питер Ванхојте посочи дека има сериозни злоупотреби на парите од ИПА фондовите.

Ванхојте најави дека постојат сведоци кои се подготвени да кажат и оти до 40 отсто од парите во ИПА фондовите треба да се враќаат во кеш поради незаконско користење. „Во прашање е многу голема корупција и можам да кажам дека дојавувачите на информации имаат волја да дојдат во Брисел и да сведочат за злоупотреба на европските фондови. Нема да се откажеме. Имаме свиркачи и ќе дејствуваме, изјави тогаш Ванхојте.

Во Европската канцеларија за истраги против измами со европските пари Олаф, го истражува случајот Демир Капија –Смоквица, што го гради грчки Актор, а за кој се отворија сериозни индиции за злоупотреби на парите. Се истражува како македонската влада ги трошела парите за овој проект, кој во поголем дел се од европските фондови, и дали со нив се плаќало мито за проектот да го работи токму грчката компанија Актор. Освен во Олаф, истрага за овој случај е отворена и во домашното Обвинителство, но засега оттаму нема детали до каде е истрагата и што е утврддено. Изградбата на автопатот Демир Капија -Смоквица ја тресеа коруптивни скандали, откако опозицијата обелодени дека огромни суми пари во кеш биле изнесувани надвор од државата. / фактор.мк

Слични содржини