Љубовен хороскоп од 4 до 10 јули 2016

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Го пресретнуваме јули со мирис на лето, но и на љубов. Првата недела од месецот ја започнува позитивно во однос на љубовта. Што ве очекува видете во љубовниот хороскоп.b5d97f7d84d81edaa2c9501ccef8a8ca

Овен
Некои од врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе донесат важна одлука поврзана со купување на нов дом. Можно е ако веќе живеете заедно, едноставно да одлучите да направите некои козметички промени во домот. Сè ќе оди според планот и без непотребен стрес , бидејќи јули започнува со хармонија за вас.

Бик
Во првата недела од јули ќе ви биде лесно да донесете заеднички решенија со партнерот. Двајцатата гледате во една насока, во исти вредности кога станува збор за општата благосостојба. Запомнете дека секогаш има ситуации во кои е добро да правите компромиси.

Близнаци
Трансформирачка недела на љубовен план за врзаните Близнаци. Ако во текот на последните неколку дена сте имале било какви несогласувања, тоа ќе се промени. Има позитивна вибрација околу вас. Ќе почнете да откривате нови и се позитивни особини кај другиот и тоа ќе ве зближи уште повеќе. Уживајте на повеќе романтични моменти.

Рак
Љубовта е во воздухот оваа недела! Ако сте осамени, направете го приоритет вашиотљубовен живот. Пред вас има можност да се запознаете со некоја таинствена личност која ќе ве натера да се чувствувате уште попривлечни. Во случај да сте обврзани, претстои возбудлив сексуален однос во недела.

Лав
Врзаните Лавови ќе поминуваат повеќе време заедно со саканите. Дајте им слобода на желбите и имагинацијата. Подарете си необични моменти на изолација. Можно е и да се одлучите на следниот поголема чекор, собирајќи се да живеете заедно или купувајќи нов дом.

Девица
За оние од вас кои ја бараат љубовта, првите денови на јули се ветувачки, но само ако се подигнат социјалните контакти. Има шанса да запознаете со некоја интересна личност со која ќе најдете дека имате многу заеднички нешта.
Од друга страна, ако неодамна флертувате со некого и вашата врска не се развива, размислете дали има смисла да продолжувате да вметнувате време и енергија во нив. Оние од вас кои се наоѓаат во сериозна врска, ќе се радуваат на хармонија.

Вага
Во оваа недела ќе се радувате на огромната поддршка на саканите, особено ако сакате да направите промени поврзани со кариерата . Нема да имате грижи дека тој или таа се љубоморни од успесите, напротив. Партнерот ќе покаже колку многу се гордее со вас. Затоа не заборавајте да го вратите гестот со некое романтично изненадување и повеќе внимание.98fa72bfc798327e1e188e41c5707ccb

Скорпија
Вашата привлечност нема да остане незабележана. Марс се движи во вашиот знак и во среда ќе биде во подобра позиција кон Венера. Како резултат вие и партнерот ќе имате можност да уживате во неверојатни моменти заедно. Не само физички ќе сте привлечени еден кон друг, но и на духовно ниво.

Стрелец
Ви претстои  недела, во која ќе може да ги споделите вашите најсилни желби со саканата. Можно е да си мислите дека некои од нив се табу, но грешите. Тој или таа ќе бидат отворени кон нови предизвици. Всушност, споделувањето ќе ја зајакне вашата интимност и доверба. Можно е еден од двајцата да добие повеќе финансиски приходи, што ќе ви даде и извесна слобода да планирате нешто убаво.

Јарец
Новиот месец започнува со хармонија, која ќе се одржи до 12 јули. Корист од моментот за повеќе романтика и непречена комуникација со партнерот. Во средината на неделава вие и партнерот ќе исполните една ваша сон, благодарение на Марс и Венера . Сега е моментот да внесете и некои промени кои одамна ги планирате.

Водолија
Некои од претставниците на знакot Водолија ги очекува канцелариска романса. Можно е да имате тајна врска, која ќе сакате да ја откриете пред вашите колеги и газдата. Ако е така, очекувајте поддршка од сите. Тоа ќе ве натера да се чувствувате прекрасно и да го започнете месецот позитивно.

Риби
Јули започнува со многу љубов за Рибите. Некои од вас ќе патуваат и ќе учат нови места, други ќе направат големи чекори во односите со партнерот. Ќе се откријат на духовно ниво и ќе дознаете многу еден за друг. Ако ја барате својата партнерка, подајте се на повеќе социјални контакти.