Земан: Американскиот амбасадор во Прага е корумпиран и лицемер

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Чешкиот претседател Милош Земан упати тешки обвиненија против американскиот амбасадор во Прага Ендрју Шапиро.земон

Според Земан Шапиро добил дипломатска позиција  благодарение на спонзорството и донациите кои  се правеле во корист на претседателот на САД Барак Обама. “Донации не се сметаат за корупција, но за корупција може да се смета фактот дека еден спонзор е награден со амбасадорската должност. И тогаш може да се подигне хипотезата дека г-дин Шапиро е вмешан во еден вид корупција и неговата борба против корупцијата во Чешка е малку лицемерна “, рече Земан пред локалното издание” Парламентни листи “. “Сега се зависи од исходот на претседателските избори во САД. Во зависност од тоа кого г-дин Шапиро ќе спонзорира овој пат, не е исклучено тој да не биде долго време амбасадор”, прогнозира чешкиот претседател.