Исланд ги пречека своите херои со гордост и ентузијазам

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Фудбалерите од исландскиот национален тим, иако  загубија  од Франција, беа пречекани како херои во татковината. Премиерот Сигурдур Јохансон ги поздрави  сите за тоа што се сплотени како нацијата, така како што и  тие самите беа обединети на теренот.

4927325Десетици илјади ентузијастички нивни фанови се собраа во паркот Арнархол каде беше инсталиран гигант екран, на кој  беа пуштани победничките натпревари на исландските  фудбалери.

“Вие сте национално богатство”, извика премиерот, кога се соочи со официјално облечени во темносина костуми фудбалери и пред инспирираното  мноштво луѓе, дојдени да ги поздрават. За најголемо задоволство на толпата фудбалерите се приклучија на своите фанови со озлогласениот вик и Crack со раце. Всушност овој вик и крек, за што беше објаснето дека доаѓа од триумфалното удирање на штит и меч.

. Шведскиот им селектор Ларс Лагербак ги пофали за нивниот најдобар претставување и најмногу за тимската игра. Авионот на фудбалерите слета синоќа на аеродромот Кефлавик на околу 40 километри. од главниот град, откако претходно авионот сврте лет  на ниска височина над градот, каде ги очекуваше голем дел од населението на островот. Централниот напаѓач Колбејн Сигторсон призна дека се чувствува “среќен да се врати дома” по поразот од Французите претходната вечер. Тој им се заблагодари на сите фанови кои го поддржаа својот тим во Франција, каде што со своето однесување за пример и со доброто расположение и хумор ја поздравија Европа. А навивачите беа горди со своите херои независно од губењето им, бидејќи “тие ја  чуваат својата гордост и не се откажале да се борат”. / АФП
https://youtu.be/mav2kkvakGY