101
Патриоти не поднесуваат оставка кога работите стануваат тешки “, истакна претседателот на ЕК
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, остро ги критикуваше британските политичари Најџел Фараж и Борис Џонсон како “тажните херои”. Тој ја даде изјавата по повод вчерашната оставка на Најџел Фараж од претседателската функција во Партијата за независна Британија (UKIP), пренесе АФП.
.“Само би рекол дека гордите ликови од” Брекзит “од последната недела сега се тажните херои на “Брекзит”, изјави Јункер на сесија на Европарламентот во Стразбур. “Џонсон, Фараж се ретро патриоти. Патриоти не поднесуваат оставка кога работите стануваат тешки “, истакна Јункер.