Според Универзитетот, во овој момент нема услови за свикување вонредна седница на Сенатот. Ректорската управа на вонредната седница одржана на 4 јули веќе донесе заклучоци од кои јасно и недвосмислено произлегува ставот на Универзитетот во однос на случувањата со студентските избори, велат од таму.
Согласно универзитетските акти, единствен целисходен начин и приод во решавањето на проблемот е Комисијата формирана од Ректорската управа да го изготви извештајот за настаните околу студенстките избори, а Комисијата формирана за Статутот да изготви предлог-одредби за измени на Статутот во делот на студентското организирање,информира Телма.
Групата сенатори кои побараа вонредна седница на сенатот предупредија дека ваквиот одговор е спротивен на Универзитетските акти. Се повикуваат на Статутот според кој Ректорот има обврска да свика седница доколку под барањето се потпишани најмалку 15 отсто од сенаторите. Тоа што зад некои од имињата нема потпис, велат, било корегирано утринава кога биле доставени и останатите потписи. Реакција од сенаторите беше побарана и на Наставно-научниот совет на Стоматолошкиот факултет.
Целиот текст можете да прочитате тука