Роднините на жртвите имаат намера да го тужат поранешниот британски премиер, инсистираат “тој да ги погледне во очи”.
Сестрата на убиен војник во Ирак инсистира Тони Блер “да го погледне во очи”, додека семејствата на загинатите во ирачката инвазија ги открија плановите да го тужат поранешниот британски премиер во светлината на објавувањето на извештајот на комисијата “Чилкот” за почетокот на војната во арапската земја .
Роднините изјавија дека немале доволно време да се запознаат со длабочината на извештајот, бидејќи имале само “180 минути – по минута за секоја смрт”.
На емоционална конференцијаа по објавувањето на извештајот, организирана од страна на некои од роднините на 179-те британски војници, Сара Оконр чиј брат – наредник Боб Оконр, загинал во конфликтот, изјави дека Блер “треба да не погледне во очите”, додека го опишуваше како “најголемиот терорист, познат во светот”.
Во солзи Оконр која седеше до Роуз Џентъл, мајката на војникот Гордон, кој беше убиен само на 19 години, ја стискаше нејзината раката, и ги критикуваше затоа што им требало многу време, што било неопходно за донесување на извештајот. Таа исто така изјави дека е исполнета со гнев поради откритијата во извештајот.

“Цели 11 години им беа потребни за да ја заглушат болката. Се вратив во моментот во кој научив дека брат ми е убиен. Светот треба да научи за овој терорист. Неговото име е Тони Блер. Најголемиот терорист во светот “, рече таа.
Инсистирајќи поранешниот премиер да се соочи со семејствата, гневната Оконр рече: “Гледај ме во очите. Зошто тој не е тука? Погледнете во нашите очи и лица. Погледнете ме во очи “.
Голем број роднини, кои одамна настојуваат за објавувањето на извештајот, се собраа во конференцискиот центар Кралицата Елизабета II во центарот на Лондон, малку по 08:00 часот, за да се запознаат со историските откритија во извештајот на Џон Чилкот. Говорејќи по објавувањето на извештајот, тие се заблагодарија на сер Џон и најавија дека се “задоволни” од начинот на кој е завршена истрагата. Роџер Бекон, чиј сон е Метју Бекон, кој беше убиен во 2005 година, изјави дека не на било кој начин не се чувствува горд на начинот на кој владата се е однесуваше со нивните блиски.
“Никогаш повеќе не треба да се дозволи толку многу грешки да доведат до жртви на толку многу британски животи и бесцелно уништување на една држава. Бевме горди кога нашите сопрузи, синови и ќерки се запишаа да служат на државата. Но не можеме на било кој начин да сме горди на начинот на кој владата се е однесуваше кон нив. Треба да се користи овој извештај, за да се осигура дека фијаското со војната во Ирак никогаш повеќе нема да се повтори “, рече тој.
Бекон инсистираше британската влада веднаш да ги земе предвид откритијата на Чилкот и да обезбеди процесот преку кој земјата одлучи да ја започне војна, никогаш повеќе нема да доведе до такви трагедии.





