[РЕЦЕПТ] Италијанско рижото со шафран

од Vladimir Zorba
805 прегледи

Состојки:
2 чаши ориз
150 г масло
1 и ½ чаша рендан пармезан
1 кромид, ситно исечкан
250 мл бело вино, суво
1 л растворена зеленчукова супа
½ лажица шафранc20f3ad7935b337c7e362371efc4bec7

Подготовка:
Загрејте го путерот во тава на средна температура. Во него пржете го кромидот. Мокриот ориз додадете го на кромидот и мешајте постојано додека се испржи добро. Полејте со виното и оставете на плочата, додека течноста се апсорбира целосно.
Промешувајте повремено, за да не загори и да не се залепи.
Откако виното ќе се апсорбира, истурете го оризот со супа и повторно оставете да се апсорбира. Малку пред да го извадите од топлина додадете и шафран. Измешајте добро, за да се зачини целиот ориз.
Послужете го рижотото богато посипано со пармезан.