Фатени се двајца со црн мерцедес кои се заканувале да го експлодираат во градот
Две лица се уапсени откако се обиделе да избегаат од опколен од полицијата паркинг во Далас. Полицијата ги видела како фрлаат маскирна торба во багажникот на црн “Мерцедес” и сакале да стартуваат и избегаат брзо по улицата “Ламар”. По потерата со полицијата тие се приведени на меѓудржавен автопат I-35, соопшти полицијата во Далас.
Како што локално.мк соопшти уапсен е и трет маж со сомнителен пакет. Сите приведени се распрашуваат, но засега не помагаат многу на истрагата, објаснува шефот на полицијата Дејвид Браун.
Пред новинарите тој рече дека осомничените се заканувале дека требало да постават бомби во центарот на градот.
Еден од стрелците уште е на слобода. Престрелката со него продолжува и во моментов. “Крајот доаѓа”, викал тој. Намерата му била да убие што е можно повеќе полицајци. Тројца од седумте повредени полицајци се во критична состојба.Повреден е и пешак а во тек е и опсадата на паркинг от . “Нашиот најголем ужасен кошмар се оствари. Тоа е ваков момент за градот Далас “, изјави градоначалникот на градот Мајк Роулингс и ја повика јавноста за поддршка на полицијата и безбедносните сили.