Скопска Апелација ја одби жалбата на СЈО за изземање на судијката Поп Стефанија од случајот „Тврдина“

од desk3
96 прегледи

Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство во врска со изземање на судија на претходна постапка која постапувала по предлог на обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство, утврдувајќи дека Кривичниот суд правилно постапил.

13514426_1135811353127142_62415732_n-777x437

– Постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против решение на претседателот на Кривичниот суд, Апелацискиот суд Скопје, денеска, достави решение со кое жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решението на првостепениот суд, за неприфаќање на барањето за изземање на судија на претходна постапка, се потврдува, се наведува во соопштението на скопскиот Кривичен суд.

Безак: Кризата трае предолго

СЈО на 23 јуни побарал изземање на судијката на претходна постапка Александра Поп-Стефанија која постапуваше по предлог на обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство.

Барањето од страна на првостепениот суд, како што се додава во соопштението, било одбиено по што СЈО поднело жалба до второстепениот суд, кој со горе наведеното решение утврдил дека Кривичниот суд правилно постапил и жалбата на СЈО ја одбил, а го потврдил решението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Барањето за изземање на судијката Поп-Стефанија уследи откако таа не ги прифати барањата за притвор и за мерки на претпазливост на СЈО против Горан Грујовски, Гордана Јанулоска и другите тројца осомничени и ја оспори надлежноста на Специјалното обвинителство за случајот „Тврдина“./МИА

Слични содржини