Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:
![goran-mihajlovski[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2016/04/goran-mihajlovski1.jpg)
Ова свадбите во Италија многу долго траат. Сè му е средено. Си работат неговите. Собранието работи за него. А и Владата работи за него. Плус, заработува додека игра на свадба. Клап – 650 милиони. Сите трошиме кога одиме по свадби, само тој е ќар.
Со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер 10 години имаме проблем кога треба да каже дека е на одмор. Оти тој не одмара. Освен кога ќе го фатат турски медиуми во чаршија низ Фетие, или кога ќе го сликнат на плажа во Тел Авив, и сега во бутик за висока мода на аеродром во Рим.
Поради свадбата на италијанскиот пријател, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вторникот не успеа да се види со специјалниот пратеник на Германија Јоханес Хајндл. Да видиме свадбава да не потрае до понеделник, кога доаѓа американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд.
И во 2010 година, еден друг помошник државен секретар, Филип Гордон, го бркаше Груевски по аеродроми. И го начека во Загреб. Американецот доаѓа да си заврши работа. Ако Филип Гордон мораше до Загреб да оди да ја заврши работата, белким нема да мора Нуланд да го враќа Груевски со маринци од базата во Сицилија.
Како може Обама да каже дека Самитот на НАТО во Варшава е најважниот самит од Студената војна до сега, кога наш Ѓоле не е таму?
Ѓоле бил многу лут и уште во 2014 година донел одлука да не учествува на самити на НАТО. Оти, таму не биле почитувани заложбите на Македонија и на нив се игнорирало меѓународното право , пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти и безбедносните предизвици во регионот. Море, море… И Ѓоле опстоја на ставот. Драма за паљурска секција по меѓународни односи.
Целата колумна прочитајте ја на СДК на следниот линк.