[РЕЦЕПТ] Лесни домашни бонбони

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Состојки:
300 г чоколадни колачиња
2/3 чаша кондензирано млеко
100 г меко масло
3 лажици природно какао во прав65cb9b80569aaaab4483e7acaca8458f

Подготовка:
Во кујнски робот издробете ги на трошки бисквитите (или сомелете ги рачно). Во сад измешајте го млекото, путерот и какаото, и добро промешајте. Конечно додадете ги бисквитните трошки.
Од добиената смеса обликувајте топчиња кои ќе ги извалкате во какао, бисквит трошки, ореви. Ставете ги бонбоните за неколку минути во фрижидер за да се стегнат.