Состојки:
10 големи печурки
1 кромид
2 пиперки
500 г пилешки гради без кожа
250 g сланина, сецкана на ленти
За маринадата:
4 лажици соја сос
4 лажици јаболков оцет или лимонов сок
2 лажици мед
1 лажица Дижон сенф
Подготовка:
Направете ја маринадата и во неа ставете го пилешкото месо што претходно сте го исекле на парчиња како за ќебапи. Оставете за околу еден час. Потоа извадете го месото од маринадата и секое парче нека заврши во лентичка сланина.
Редете на раженот наизменично месо завиткано во сланина и зеленчук. Печете на загреана скара или грил тава. Ако ви останала маринадата додека печевте, намачкајте малку на ражничите, за да се зачини и зеленчукот.